• петок, 05 декември 2025

Дрога пронајдена при претреси во Берово и Виница

Дрога пронајдена при претреси во Берово и Виница

Скопје, 20 август 2025 (МИА) - Дрога била пронајдена при претреси во Берово и Виница, информираат попладнево од Министерството за внатрешни работи.

- Денеска околу 9:30 часот, полициски службеници од СВР Штип - ОВР Берово го лишиле од слобода Б.С., на возраст од 36 години од Берово. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени семки од растението канабис, неколку пакувања со марихуана и други предмети за што постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело, појаснуваат од МВР.

Во текот на вчерашниот ден пак, исто така, со судска наредба, полициски службеници од СВР Штип - ОВР Виница извршиле претрес во домот на Г.П., 32-годишно лице од Кочани, со живеалиште во Виница.

- При претресот биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага, предмети со остатоци од марихуана и други предмети за што постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело, додаваат од МВР.

По целосно документирање на случаите, како што истакнуваат, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави. бд/дма/

Фото: „Фејсбук“ - страница на Министерство за внатрешни работи

Остани поврзан