Државно првенство во полумаратон и рекреативен „Трчај, бе“ во Битола
- Претпладнево во Битола се одржува Државното првенство во полумаратон на кое годинава учествуваат 20 атлетичари, а паралелно низ улиците во градот, над 1.700 рекреативци од 15 држави во светот, се вклучија во спортско-рекреативната манифестација „Трчај, бе“.
Битола, 14 септември 2025 (МИА) - Претпладнево во Битола се одржува Државното првенство во полумаратон на кое годинава учествуваат 20 атлетичари, а паралелно низ улиците во градот, над 1.700 рекреативци од 15 држави во светот, се вклучија во спортско-рекреативната манифестација „Трчај, бе“.
Патеките на атлетичарите и рекреативците од 21, 10 и 5 километри се на булеварот „1-ви Мај“, улица „Генерал Васко Карангелески“, потоа улица „11-та Македонска Дивизија“, улица „Филип II Македонски“, улиците „Батаљон Стив Наумов“, „Прилепска“, „4-ти Ноември“ и „Широк Сокак“, до стартот на трката кој воедно е и цел.
Денеска до 12:30 часот во Битола се одвива времен режим на сообраќај кој го регулира и координира СВР Битола, и во овој термин сообраќајот се одвива по алтернативни рути на градот. мт/зс/
Фото: МИА