• понеделник, 23 декември 2024

Државно првенство во планински велосипедизам – XCO Тресонче 2020

Државно првенство во планински велосипедизам – XCO Тресонче 2020
Скопје, 23 септември 2020 (МИА) – Претстојниот викенд, на кружната патека во Тресонче ќе се одржи Државното првенство во планински велосипедизам - XCO Тресонче 2020. Трката е во организација на Велосипедската федерација на Македонија, Велосипедскиот клуб ,,Енерџи“ и З.Г. ,,Брзовец“, а со поддршка на општина Маврово и Националниот парк ,,Маврово-Ростуше“. Селекторот на македонската репрезентација и велосипедист Љубиша Кондев посочува дека оваа трка е со посебно значање заради титулата ,,државен првак“ која ќе ја добијат најуспешните во секоја категорија на натпреварувачи, а која го претставува највисокото достигнување на еден спортист во текот на годината.
  • Патеката во Тресонче е специфична заради тоа што се протега низ атарот на селото, низ природни предели кои се исклучително живописни, низ технички искачувања и препреки, карпи и потоци кои бараат подготвеност од страна на велосипедистите, но во исто време пружаат и можност за уживање за време на трката, изјави Кондов.
Настанот закажан за 27 септември ќе биде реализиран со почитување на сите мерки за заштита од Ковид 19 во согласност со препораките на Министерството за здравство на Р.С.Македонија, соопшти организаторот. зс/

Остани поврзан