• понеделник, 23 декември 2024

Државното правобранителство за разрешувањата на правобранителите Јанкуловски и Вељановски

Државното правобранителство за разрешувањата на правобранителите Јанкуловски и Вељановски

Скопје, 11 јануари 2024 (МИА) - Државниот правобранител на Република Северна Македонија од страна на Владата на Република Северна Македонија е известен дека од страна на Група граѓани на ден 12.10.2022 година до Влада на Република Северна Македонија, била доставена пријава за незаконско работење на државниот правобранител за подрачје Скопје Јане Јанкуловски, во врска доставено мислење по Нацрт Договор за оттуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија по пат на непосредна спогодба за оформување на градежна парцела, соопштија денеска од Државното правобранителство на РСМ. 

- По разгледување на пријавата и доставените прилози кон истата констатирано е дека на ден 12.10.2018 година Државниот правобранител за подрачје Скопје Јане Јанкуловски до Министерство за транспорт и врски на Република Македонија доставил мислење со укажување со кое бара од органот да појасни дали од урбанистички аспект постојат пречки за отуѓување на градежното земјиште имајќи ја во предвид Службената белешка од 07.09.2018 година потпишана од Дипломиран инженер архитект во која е констатирано дека од урбанистички аспект постојат пречки за отуѓување/давање под долгорочен или краткорочен закуп на предметното земјиште сопственост на Република Македонија. Доставеното мислење со укажување од Државниот правобранител Јане Јанкуловски било дадено на ден 12.10.2018 година во 11,43 часот, повторно барање за мислење до Државениот правобранител било доставено на ден 12.10.2018 година во 12,03 часот, а Државниот правобранител за подрачје Скопје Јане Јанкуловски без да добие Службена Белешка од инженер - архитект дека од Урбанистички аспект не постојат пречки за оттуѓување на градежно земјиште на ден 12.10.2018 година во 12.12 часот доставил ПОЗИТИВНО мислење за отуѓување предметното градежно земјиште сопственост на Република Македонија, се појаснува во соопштението.

Имајќи предвид дека дел од наводите во претставката се основани, соопштија од Државното правобранителство, биле поднесен предлог за разрешување на Државниот правобранител за подрачје на Скопје Јане Јанкуловски поради нестручно и несовесно работење, од функцијата Државен правобранител за подрачје на Скопје. 

Како што соопштија од Државното правобранителство, државниот правобранител на Република Северна Македонија со Резолуција доставена од страна на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција РО бр.292/21 од 11.12.2023 година е известен дека Државниот правобранител за подрачје на Струга Мирко Вељановски, ја злоупотребил својата службена положба и овластување, со пречекорување и неизвршување на својата службена должност и овластувања, бидејќи дал позитивно мислење по однос на доставено нацрт Решение за приватизација, во кое очигледно дека не биле отстранети претходно констатираните недостатоци, ниту пак фактичката состојба била утврдена целосно за да може да биде донесено такво Решение.

- Имајќи го во предвид ваквото известување, а имајќи го во предвид дека на тој начин престанал условот државниот правобранител да ужива углед за вршење на функцијата, беше поднесен предлог за разрешување на Државниот правобранител за подрачје на Струга Мирко Вељановски поради нестручно и несовесно работење, од функцијата Државен правобранител за подрачје на Струга, се вели во соопштението . цр/ев/

Фото: МИА архива

Остани поврзан