• понеделник, 23 декември 2024

Државната секретарка на МВР Несторовска на средба со делегации од Пакистан и БиХ

Државната секретарка на МВР Несторовска на средба со делегации од Пакистан и БиХ
Скопје, 16 ноември 2022 (МИА) - Државната секретарка на МВР Магдалена Несторовска денеска на маргините на Министерската конференција „Одржливо управување со миграцијата во Западен Балкан" одржа трилатерална средба со делегација на Исламска Република Пакистан, предводена од специјалниот секретар на Министерството за внатрешни работи Саиф Анџум и советникот на министерот за безбедност на Босна и Херцеговина Саша Кецман. Средбата, како што информираат од МВР, беше организирана со поддршка  на Меѓународната организација за миграција.
-На средбата беше разговарано за можностите за подобрување на соработката во управување со миграциите со посебен акцент во областа на идентификацијата на лица и нивно враќање,  како и за идните чекори во оваа насока, се наведува во соопштението од МВР. дма/лв/
 

Остани поврзан