• сабота, 29 јуни 2024

Дрес на Коби Брајант продаден за 1,2 милиони долари

Дрес на Коби Брајант продаден за 1,2 милиони долари

Лос Анџелес, 4 јуни 2024 (МИА) - Дрес на Коби Брајант беше продаден на аукција за 1,2 милиони долари. Дресот е од натпреварот против Голден Стејт Вориорс (118:116) кога и се повреди.

-Дресот со потписот на Брајант има лепенка со логото на НБА и виолетовиот круг со иницијалите „ЈБ“ во чест на починатиот сопственик на Лејкерс Џери Бас, кој почина во февруари 2013 година, изјави Дилана Манфре од „Спортико“.

Најскапиот дрес на Брајант, оној што го носеше во сезоната 2007-08 во НБА и беше прогласен за МВП, претходно беше продаден за 5,8 милиони долари. дс

Фото: Архива

Остани поврзан