• сабота, 23 ноември 2024

Дрвошанов: Поевтина вода и трајни решенија на отпадот во Струмица

Дрвошанов: Поевтина вода и трајни решенија на отпадот во Струмица
Скопје, 1 октомври 2021 (МИА) - Нашата програма е направена во соработка со граѓаните како решение за конкретни проблеми. Нема да нудиме нереална програма со проекти кои никогаш нема да се остварат. Општина Струмица е пример за такви програми. Овде власта веќе 16 години ветува, но реално не остварува, порача Жан Дрвошанов, кандидат за градоначалник на Општина Струмица на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Откако ВМРО-ДПМНЕ со коалицијата ќе победи на локалните избори, порача Дрвошанов, приоритет ќе добијат проекти кои навистина ги измачуваат граѓаните. - Намалувањето на цената на вода за пиење е наша важна определба. Струмица е една од општините во кои граѓаните плаќаат многу скапа вода, а комуналните такси се високи. ВМРО-ДПМНЕ ќе ја намали цената на водата и цената на комуналните такси. Ресурсите ќе ги направиме еднакво  достапни за сите. Струмица има сериозни проблеми поради слабото чистење на ѓубрето додека јавното претпријатие има голем број на вработени. Затоа ние декларираме дека за 100 дена од нашата работа Струмица ќе биде чиста, порача Дрвошанов. Тој најави дека во програмата го предложиле проектот што го нарекле „отпадот има вредност“, со кој Општина Струмица на неколку локации ќе постави вендинг машини за рециклирање и конечно во консултација со граѓаните ќе ја разгледа можноста за формирање на посебна депонија за рециклиран отпад, со кој ќе управува посебно претпријатие што ќе настане по преструктуирањето на ЈП Комуналец. - Нашите топ проекти се поврзани со најважните проблеми на сограѓаните како поевтина вода и трајно решение за отпадот. Токму таквиот  реален и чесен пристап кон вистинските проблеми е тоа што прави  нашите понудени кадри и програмата  да бидат фаворити на овие избори. Ги повикувам граѓаните на 17 Октомври да излезат масовно на изборите и да започне создавањето на нова иднина за Струмица, порача Дрвошанов. аа/

Остани поврзан