• понеделник, 23 декември 2024

Драмски театар Скопје со претставата „Кармен“ на фестивал во Бугарија

Драмски театар Скопје со претставата „Кармен“ на фестивал во Бугарија

Скопје, 10 октомври 2024 (МИА) - Со монодрамата „Кармен“, Драмскиот театар Скопје денеска ќе учествува на театарскиот фестивал „Сава Огњанов“ во Русе, Бугарија.

На фестивалот настапуваат познати театарски куќи и музичари од неколку земји. Учеството на Биљана Драгичевиќ Пројковска со монодрамата „Кармен“ е нивен петти меѓународен настап со оваа претстава, по гостувањата на фестивалот РУТА во Сараево, Македонското културно лето во Албанија, фестивал во Зајачар, Србија и неодамна на театарски фестивал во Грузија. Претставата „Кармен“ вечерва ќе ја има својата 40 изведба.

Монодрамата „Кармен“ е создадена по мотив од романот „Пет часа со Марио“ од Мигел Делибес, а својата премиера ја имаше во мај минатата година. Режијата и драматизацијата се на Дејан Пројковски, сценографијата на Валентин Светозарев, сценските движења на Олга Панго, костимографијата на Раде Василев, а музиката на Горан Трајковски.

Актерката Биљана Драгиќевиќ-Пројковска за улогата Кармен, покрај наградите на минатогодишниот фестивал на монодрама во Битола доби награди и на годинашново издание на Македонско културно лето во Албанија и Интернационалниот фестивал „Актерот на Европа 2022“ во Ресен. цр/са/

Фото: Драмски театар Скопје

Остани поврзан