• понеделник, 23 декември 2024

Драги: Туризмот во Италија ќе започне во средината на мај

Драги: Туризмот во Италија ќе започне во средината на мај
Рим, 4 мај 2021 (МИА) - Италијанскиот премиер Марио Драги денеска рече дека очекува  туризмот во Италија да продолжи кон средината на мај, кога земјата се отвора за меѓурегионални патувања. Говорејќи на крајот од состанокот на министрите за туризам од групата 20 најбогати нации, Драги рече дека системот за здравствени пасоши на Европската унија ќе биде подготвен и во оптек до средината на јуни, со што ќе се олесни патувањето низ континентот.
- Го чекаме европскиот сертификат ... имаме национална зелена пропусница која ќе им овозможи на луѓето да се движат од регион во регион и ќе може да функционира до средината на мај, така што не треба да чекаме до средината на јуни за ЕУ пропусница, рече Драги.
Тој додаде дека во средината на мај туристите можат да добијат италијанска пропусница.
- Затоа, време е да ги резервирате своите одмори во Италија, рече тој.
Италија е осма земја во светот според бројот на заразени од коронавирус, има повеќе од четири милиони од почетокот на пандемијата.
Повеќе од 121.000 луѓе починаа во земјата, по што е шеста во светот. паг/
 

Остани поврзан