• понеделник, 23 декември 2024

До 300 милиони евра ќе бидат потребни за планот за непречено снабдување со струја

До 300 милиони евра ќе бидат потребни за планот за непречено снабдување со струја
Скопје, 6 септември 2022 (МИА) - До 300 милиони евра во наредните два квартала ќе бидат потребни за реализација на владиниот план за непречено обезбедување електрична енергија, соопшти денеска премиерот Димитар Ковачевски по седницата на Советот за безбедност. Како што рече Ковачевски, одговорајќи на новинарски прашања, калкулациите се веќе направени, а дел од средствата се и обезбедени. -Сигурно ќе има потреба од финансиски средства до 300 милиони евра во наредните два квартала со цел да обезбедиме електрична енергија по субвенционирани цени за граѓаните и малите потрошувачи. Веќе разговаравме и со Бугарија за обезбедување базна енергија за стопанството, истакна Ковачевски. Планот поддржан од Советот за безбедност предвидува државата да ги подготви сите ресурси за максимално производство на сопствена енергија, со цел во најтешкиот период кој почнува на 1 октомври и ќе трае до почетокот на летото, на сите граѓани, ученици, студенти, средни, мали и микро бизниси да им се обезбеди најниска можна цена на струјата, како и снабдување со топлинска енергија по сегашната цена со задржување на евтината тарифа и 24-часовна достапност. мч/лв/ https://www.youtube.com/watch?v=EngkrKQCw_U

Остани поврзан