• петок, 22 ноември 2024

„Дојче банк“ под истрага за злоупотреба на еколошки производи

„Дојче банк“ под истрага за злоупотреба на еколошки производи
Берлин, 31 мај 2022 (МИА) - Германски обвинители денеска вршат претрес во канцелариите на „Дојче банк“ во Франкфурт по наводите за злоупотреба на еколошки производи. Претресот е дел од истрагата за наводите дека „Дојче банк“рекламирала инвестициски производи како „позелени“ отколку што всушност биле. Истражителите извршиле претрес по сомневање за инвестициска измама во канцелариите на банката и нејзината подружница за управување со средства, се наведува во соопштението на Обвинителството во Франкфурт. ми/

Остани поврзан