Дојави за бомби во вилата на претседателот, Управен суд, музеи, трговски центри и други објекти во Скопје
- На електронските адреси на повеќе институции и објекти, меѓу кои и во вилата на претседателот на државата и во Уставниот суд, утрово се пристигнати закани за поставени експлозивни направи. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, во тек се антитерористички проверки.
Скопје, 21 февруари 2023 (МИА) - На електронските адреси на повеќе институции и објекти, меѓу кои и во вилата на претседателот на државата и во Уставниот суд, утрово се пристигнати закани за поставени експлозивни направи. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, во тек се антитерористички проверки.
- Денеска (21.2.2023) е пријавено дека преку електронските адреси е упатена закана за поставена експлозивна направа до Музеј на град Скопје, Природонаучен музеј, Археолошки музеј, Музеј на ММБ, Спомен-куќа на Мајка Тереза, ГТЦ, Ист гејт мол, ТЦ Бисер, Флатирон, Џевахир, Управен суд, Куќа на претседателот - Вила Водно, х. Мериот, х. Александар палас, СЦ Борис Трајковски, Железничка станица Скопје и ФФМ. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите, наведуваат од МВР.
Вчера, како што информира МВР, дојави за поставени експлозовни направи пристигнаа на електронските адреси на 10 училишта и аеродромот во Скопје, како и кај четири во Прилеп, за кои по спроведените проверки од тимови за антитерористички проверки е утврдено дека станува збор за лажни пријави. вг/са/
Фото: МИА Архива