• петок, 22 ноември 2024

Дојави за поставени бомби во неколку сараевски средни училишта

Дојави за поставени бомби во неколку сараевски средни училишта

Сараево, 28 октомври 2024 (МИА) - Неколку средни училишта во Сараево утрово добија дојави за поставени бомби, а училиштата кои ги добија пријавите се евакуирани за да можат припадниците на Министерството за внатрешни работи на кантонот Сараево да извршат увид во просториите и да утврдат дали пријавата е лажна.

Како што објави порталот Кликс.ба (Klix.ba), ова е четврта недела по ред како дојави за бомби пристигнуваат во училиштата во Сараево, а полицијата истовремено апси осомничени. Наставата во евакуираните училишта продолжува вообичаено, како и претходниот месец, и покрај тоа што родителите се незадоволни од таквиот начин на работа.

МУП на кантонот Сараево досега уапси најмалку 12 средношколци осомничени дека испраќале пријави за подметнати бомби, а според неофицијални информации осомничените се познаваат, па се смета дека се виновни и за лажни пријави во други градови.

Неколкумина уапсени се задржани во притвор, а против сите уапсени се поднесени кривични пријави. Кликс.ба наведува дека сите уапсени се малолетни, освен едно лице. Се сомнева дека причина за масовните лажни тревоги е детската забава и интоксикација. мс/

фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан