• вторник, 05 ноември 2024

Дојави за бомби во 32 училишта во Скопје и едно во Прилеп

Дојави за бомби во 32 училишта во Скопје и едно во Прилеп

Скопје, 22 февруари 2023 (МИА) - Во 32 училишта во Скопје и едно во Прилеп денеска се упатени дојави за бомби. Пријавите се пристигнати на електронските адреси на училиштата.

- Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите, велат од МВР.

Вчера дојави за бомби освен во училишта имаше и во институции, хотели, згради и трговски центри во Скопје. бак/аа/

Остани поврзан