• недела, 22 декември 2024

Дојава за бомба во норвешкиот Парламент

Дојава за бомба во норвешкиот Парламент

Осло, 3 април 2024 (МИА) - Норвешкиот парламент денеска доби дојава за закана со бомба, а зголемено е полициското присуство околу зградата, соопшти полицијата во Осло, јавуваат норвешките медиуми.

Полицијата сега се обидува да открие што се случило, објави „Норвеј Постен“.

-ПСТ (Служба за безбедност) е запознаена со ситуацијата и соработува со полицискиот округ во Осло, изјави за телевизијата НРК, високиот советник на ПСТ, Еирик Веум.

Претставникот за печат на Парламентот за телевизијата НРК потврди дека поради заканата со бомба сите влезови на парламентарната зграда се затворени и никој не смее ниту да влезе ниту да излезе. сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан