• четврток, 19 декември 2024

Доставата на вакцини од Србија се одложува за следните денови

Доставата на вакцини од Србија се одложува за следните денови
Скопје, 10 февруари 2021 (МИА) - Заради потребата од усогласување на техничка документација се одложува за следните денови доставувањето на вакцините од Србија, соопшти владината прес - служба.
- Ве известуваме дека заради потребата од усогласување на техничка документација околу доставувањето на вакцините, настанот кој беше најавен за утре, 11.02.2021 година (четврток), на граничниот премин Табановце се одложува за друг датум следните денови, за што дополнително ќе информираме, се наведува во соопштение од Владата до медиумите.
Антиковид-вакцините на „Фајзер“ кои ни ги отстапи Србија, а неколку недели чекаа на одобрение од производителот за да влезат во земјава ќе бидат првите 8000 со кои и кај нас ќе почне имунизацијата.
Во текот на следните денови се очекува и испорака на нови 200 илјади дози на вакцини од Кина, за кои беше потпишан договор во понеделникот. дма/

Остани поврзан