• петок, 05 декември 2025

Дончиќ ќе го пропушти дуелот со Торонто

Дончиќ ќе го пропушти дуелот со Торонто

Торонто, 4.декември 2025 (МИА) – Играчот на Лос Анџелес Лејкерс Лука Дончиќ ќе го „прескокне“ вечерашниот дуел на неговата екипа со Торонто на гостински терен. Тој се наоѓа во Словенија со својата свршеница Анамарија Голтес, во очекување на раѓање на нивното второ дете. Нивното прво дете – ќерка се вика Габриеле

Дончиќ од 2016 година е во врска со Анамарија, а веридба направија на 07.07. 2023 година (симболичен датум – двете седмици на дресот на Дончиќ).

Во моментов играчот на „езерџиите“ е најдобар стрелец во НБА лигата со просек од 35.3 поени по натпревар.

Доколку се биде според планираното Лука Дончиќ би требало веќе во петок кон сабота да биде во составот на тимот на гостувањето против Бостон. Мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан