• недела, 30 јуни 2024

Дончиќ стана првиот играч во историјата на НБА со постигнати 60 поени, 20 скока и 10 асистенции на еден натпревар

Дончиќ стана првиот играч во историјата на НБА со постигнати 60 поени, 20 скока и 10 асистенции на еден натпревар

Далас, 28 декември 2022 (МИА) – Кошаркарот на Далас маверикс, Лука Дончиќ, постави рекорд во НБА. Словенецот ноќеска на натпреварот против Њујорк стана првиот играч во историјата на лигата со 60 поени, 21 скок и 10 асистенции на еден натпревар.

Пред него, никој во лигата не успеа да постигне 60 поени, 20 скока и 10 асистенции на еден натпревар.

Дваесет и тригодишниот Дончиќ во сезоната 2022/23 има просек од 32,8 поени, 8,3 скока и 8,7 асистенции по натпревар.

Кошаркарот е еден од главните претенденти за наградата играч на сезоната во НБА.

Далас го доби натпреварот со 126:121 по продолжение. зс/

Остани поврзан