• сабота, 29 јуни 2024

Донирано детско катче во библиотеката во Кавадарци

Донирано детско катче во библиотеката во Кавадарци
Кавадарци, 20 септември 2022 (МИА) - Донирано е детско катче во градската  библиотека „Феткин" во Кавадарци. Директорот Петар Гурев денеска информираше дека донацијата е од страна на Халк банка.
-Ова е плод на континуираната соработка во изминатиот период. Заедно реализиравме повеќе активности. Сега кога го промовираме ова катче, директорите на институциите од областа на културата во Кавадарци,  им прочитаа бајка на ученици од ООУ ,,Тоде Хаџи- Тефов".
Петар Гурев ги најави и следните проекти од областа на културата, што ќе се реализираат во библиотеката во иднина.свд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан