• недела, 30 јуни 2024

Донирано возило за Итна помош на Општата болница во Гевгелија

Донирано возило за Итна помош на Општата болница во Гевгелија

Скопје, 23 мај 2024 (МИА) - Ново амбулантно возило доби ЈЗУ Општа болница со проширена дејност - Гевгелија, донација од „Новоматик Македонија“, соопштија попладнево од компанијата.

- Новото амбулантно возило е опремено со најнова медицинска технологија, со што се осигурува дека болницата може да обезбеди најдобра можна грижа за пациентите во итни ситуации, се појаснува во соопштението.

Директорот на болницата, доктор Александар Киров се заблагодарил за донацијата и истакнал дека новото амбулантно возило, значително ќе ја подобри ефикасноста на болницата при одговори на итни случаи и со тоа, грижата за здравјето на граѓаните во Гевгелија.

Според претставникот на компанијата, Елена Минева, тие и понатаму ќе организираат и учествуваат во разни хуманитарни, донаторски активности, ќе спонзорираат спортски, културни настани, ќе ги поддржуваат јавното здравство, НВО секторот, слободата на медиумите во духот на градење силно партнерство со заедницата. бд/аа/

Фото: Соопштение

Остани поврзан