• понеделник, 01 јули 2024

Донација за Основното училиште со ресурсен центар „Иднина“

Донација за Основното училиште со ресурсен центар „Иднина“
Скопје, 2 ноември 2022 (МИА) - Основното училиште со ресурсен центар „Иднина“ – Скопје доби донација од училишен прибор и наставни помагала од компанијата „Mozzart“ за подобри услови за едукација на учениците. Ова е втора помош за училиштето, откако кон крајот на 2020 година беа донирани преносни компјутери. Директорката на училиштето Лорета Андреевска се заблагодари за реализираната донација и истакна дека одговорноста на децата е на целата заедница.  -Патот на нивниот напредок и успех е и ќе биде поддржан од сите нас, затоа што сите деца имаат еднакви права и на сите треба да има се даде неопходната поддршка. Сите ние сме благодарни и горди на хуманото дело на компанијата Mozzart за поддршката за непречено реализирање на воспитно - образовниот процес и поддршка на инклузивното образование преку опрема на кабинетите за специјализирани услуги. Ова што го направивте за нас како општествено одговорна компанија е од големо значење за нашето училиште, а посебно за нашите ученици, изјави Андреевска. Од Mozzart им посакаа на децата успех во учењето и најавија дека секогаш ќе помогнат и ќе подадат рака на местата каде што тоа е најмногу потребно. Досега имаат донирано финансиски средства, пакети со храна, телевизори, лаптопи, инвентар, како и други материјални добра наменети за различни установи со кои обезбедуваат помош на најзагрозените категории на граѓани во сите области од општеството. Компанијата е поддржувач и на домашниот спорт и на бројни спортски колективи. мд/аа/

Остани поврзан