ДОМ: Кривична пријава за екоцидот на Крива река
- СООПШТЕНИЕ - Согласно изнесените информации од страна на градоначалникот добиени од резултатите од акредитираната лабораторија за загадувањето на Крива река, го повикуваме да покрене кривична пријава до обвинителство за кривично дело екоцид по чл.218-б од КЗ.

Скопје, 28 март 2025
Согласно изнесените информации од страна на градоначалникот добиени од резултатите од акредитираната лабораторија за загадувањето на Крива река, го повикуваме да покрене кривична пријава до обвинителство за кривично дело екоцид по чл.218-б од КЗ.
Согласно кривичниот закон ваквото загадување на животната средина претставува тешко кривично дело против природата и животната средина каде се предвидени затворски казни над 10 години за одговорните лица во правното лице.
Владата треба да размисли какви кадри поставува на одговорни функции, кои треба да превенираат идни хаварии.
ДОМ
_____________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки
Фото: ДОМ