• петок, 22 ноември 2024

Долниот дом на шпанскиот Парламент го одобри контроверзниот нацрт-закон за амнестија на каталонските сепаратисти

Долниот дом на шпанскиот Парламент го одобри контроверзниот нацрт-закон за амнестија на каталонските сепаратисти

Мадрид, 14 март 2024 (МИА) - Долниот дом на шпанскиот Парламент го одобри денеска предлог-законот со кој се гарантира амнестија за оние кои се вклучени во сепаратистичката кампања во североисточниот регион на Каталонија, објавија британските медиуми.

Амнестијата беше дел од договорот меѓу шпанската владејачка Социјалистичка работничка партија и сепаратистичката партија Заедно за Каталонија за да му се дозволи на премиерот Педро Санчез да го продолжи мандатот на власт по изборите во јули 2023 година.

Предлог-законот, одобрен со 178 гласови „за“ и 172 „против“, ќе биде испратен до Сенатот на ратификација. Горниот дом под контрола на Народната партија би можел да го одложи конечното одобрување со отфрлање на законот, а потоа ќе биде вратен во Долниот дом на уште едно гласање, кое се очекува да се одржи во мај или јуни. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан