• понеделник, 23 декември 2024

Долниот дом на швајцарскиот Парламент против државните гаранции за „Кредит Свис“

Долниот дом на швајцарскиот Парламент против државните гаранции за „Кредит Свис“

Цирих, 12 април 2023 (МИА) – Долниот дом на швајцарскиот Парламент синоќа не ја поддржа државната гаранција со што би се обезбедило продажба на пропаднатата банка „Кредит Свис“ (Credit Suisse) на конкурентот УБС.

Пратениците со симболичното гласање негодуваат за огромната владина поддршка за трансакцијата.

Владата на Швајцарија на 19 март донесе уредба за државна гаранција врз основа на кризни овластувања, а истата беше одобрена од комисиите за финансиска политика во двата дома на Парламентот, така што, од правна перспектива, одбивањето од претставниците во Долниот дом е само симболичен чин.

За исходот од гласањето сепак ќе биде потребна процедура за помирување, што ќе започне во текот на денот.

Владата вети 109 милијарди швајцарски франци во случај пропаднатата банка да не може да ги исполни своите обврски.

Голем број парламентарци побараа усвојување на нови прописи за да се намалат ризиците што приватните, системски важни банки ги претставуваат за федералниот буџет и економијата.

Парламентот, исто така, ја повика Владата да испита дали врвните менаџери би можеле да бидат одговорни за ситуацијата во која се најде банката.

„Кредит Свис“ ја загуби довербата на клиентите и инвеститорите по години ризичен бизнис и огромни загуби од милијарди франци. Банката УБС ја презеде „Кредит Свис“ само три милијарди франци, со државни гаранции. ми/

фото: Википедија

Остани поврзан