• петок, 22 ноември 2024

Долгото црвенило на дланките може да е знак за замастен црн дроб

Долгото црвенило на дланките може да е знак за замастен црн дроб
Лос Анџелес, 28 јули 2022 (МИА) - Лекарите предупредуваат дека долгото црвенило на дланките може да биде ран знак за замастен црн дроб, што може да предизвика бројни компликации за организмот. Дијагнозите на заболување на црниот дроб се сѐ почести поради сѐ понездравиот начин на живот. Затоа, важно е да се биде свесен и за поретките признаци на заболување на црниот дроб - вклучувајќи го и она што се појавува на рацете - подолгото црвенило на дланките. Премногу маснотии во црниот дроб може да предизвикаат воспаление и лузни, што може да доведе до цироза, спречувајќи го овој напорен орган да ја врши својата работа. Неуспехот на црниот дроб може да влијае на многу органи во вашето тело, а акутната инсуфициенција може да предизвика компликации како што се инфекција, недостаток на електролити и крвавење. Без третман, сѐ тоа на крајот може да доведе до смрт. Знаците на заболувањето на замастен црн дроб може да вклучуваат отечен стомак, проширени вени, поголеми гради, од вообичаеното - кај мажите, црвени дланки и кожа и очи кои изгледаат жолтеникаво. Дланките кои поцрвенуваат може да бидат резултат на проширување на капиларите - најмалите крвни садови во телото. Некои лекари веруваат дека ова црвенило може да биде предизвикано од покачени нивоа на хормони и често може да биде наследна. Сепак, црвените дланки може да бидат и сериозен предупредувачки знак за замастен црн дроб. си/

Остани поврзан