• сабота, 23 ноември 2024

Документарецот за Тупак доби номинација за „Греми“ за најдобар музички филм

Документарецот за Тупак доби номинација за „Греми“ за најдобар музички филм

Лос Анџелес, 15 ноември 2023 (МИА) - Документарниот филм на „Еф-Екс“ за покојниот рапер Тупак Шакур, во пет епизоди, под наслов „Драга мамо“ (Dear Mama), доби номинација за „Греми“ за најдобар музички филм.

Документарецот го носи називот според истоимениот сингл на Тупак од 1995 година. Во режија на Алан Хјуз, серијалот го истражува животот на убиениот уметник, и делумно оној на неговата мајка, покојната активистка Афени Шакур. Документарниот серијал се емитува на стрим-платформата „Хулу“.

Раперот, кој беше застрелан со пиштол и убиен во својот автомобил, во Лас Вегас, 1996., е еден од тројцата починати уметници кои минатата недела добија номинации во истата категорија. Другите двајца се Дејвид Боуви (со „Месечево дневно сонување“ (Moonage Daydream)) и Литл Ричард (со „Јас сум Сè“ (I Am Everything)). Боуви почина од рак во 2016., а Литл Ричард почина во 2020 година, исто така од заболување поврзано со рак. Литл Ричард никогаш не доби „Греми“ во животот.

А, другите номинирани се „Како се чувствувам сега“ (How I'm Feeling Now) за Луис Капалди и „Во живо од Париз - турнејата Биг степерс“ за Кендрик Ламар.

Номинацијата за серијалот за Тупак доаѓа во време кога случајот за неговото убиство и истрагата повторно се врати на сцена. Дуејн Кит Дејвис, познат како „Кефе Ди“, неодамна беше уапсен и се изјасни невин.  си/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан