• понеделник, 23 декември 2024

Доктор Марко за иднината на Верстапен: Прашајте го Волф!

Доктор Марко за иднината на Верстапен: Прашајте го Волф!

Бракли, 6 април 2024 (МИА) - Иднината на светскиот шампион во Формула 1, Макс Верстапен останува под знак прашалник и шпекулациите не стивнуваат, а сега во нив се вмеша и советникот на Ред Бул, доктор Хелмут Марко.

Верстапен има договор со Ред Бул до крајот на 2028 година, но во неговиот договор има и клаузула дека може предвреме да си замине доколку доктор Марко биде ослободен. А тоа станува се повозможно доколку Кристијан Хорнер ја добие битката за моќ во Ред Бул.

А Тото Волф веќе покажа сериозен интерес да го привлече Макс на местото на 7-кратниот светски шампион Луис Хамилтон, кој од следната сезона ќе вози за Ферари.

-Гледате дека Волф сака да го привлече Макс, прашајте го за иднината на шампионот.  Никој не е на нивото на Макс, што го објаснува интересот на Тото. Исто така, го разбирам појавувањето на Фетел и Антонели во овој разговор - едниот има одлично минато, а другиот има потенцијал за голема иднина, додаде „сивата еминенција“ во Ред Бул. дс

Фото: Архива

Остани поврзан