• понеделник, 25 ноември 2024

Доктор Карева Пиловска за МИА: Се повеќе лица од средна возраст бараат итна медицинска помош

Доктор Карева Пиловска за МИА: Се повеќе лица од средна возраст бараат итна медицинска помош

Скопје, 16 август 2023 (МИА) - Честата нагла промена на температурите најмногу ги погодува хронично болните, но, во сѐ поголем број, итна медицинска помош бараат и оние на средна возраст, кои сѐ повеќе ги чувствуваат овие тегоби. Возрасната група за која се бара итна медицинска помош сѐ повеќе се спушта, сподели за МИА, доктор Елена Карева Пиловска, шеф на смена, специјалист психијатар, во Итна медицинска помош Скопје.

Повисоки температури се најавуваат од утре, а од Итната медицинска помош Скопје, во изјава за МИА, ги повторуваат препораките од Министерството за здравство, нагласувајќи дека пациентите ги чувствуваат временските промени и повеќето се жалат на болки во вратот, зглобовите, вкочанетост, вртоглавици, заради промени во атмосферскиот притисок, промени во температурата на воздухот, влагата. Оттаму велат дека најчесто совети бараат хронично болните, но, сѐ поголем број се и оние на средна возраст, кои сѐ повеќе ги чувствуваат овие тегоби.

- Значи границата малку на болести со акутна природа е спуштена. Возрасната група за која се бара итна медицинска помош сѐ повеќе се спушта, нагласи Карева Пиловска.

Возрасната група за која се бара итна медицинска помош сѐ повеќе се спушта, изјави за МИА, доктор Елена Карева Пиловска, шеф на смена, специјалист психијатар, во Итна медицинска помош Скопје.

Таа ја спомена и метеоропатијата како последица на промените на температурата, која прави хормонален дисбаланс во организмот на човекот и промена на психички план, во расположението, концентрацијата. Како резултат на тоа, луѓето се чувствуваат изнемоштени во однос на психички план, а на физички план, болки во зглобовите, коските, болки на стари повреди, варијации во крвен притисок.

- Затоа препорачуваме умереност во сѐ, здрава исхрана, физичка активност, прошетка во природа, подвлече Карева Пиловска.

Според УХМР, под влијание на топла воздушна маса, во следните денови времето ќе биде претежно стабилно со пораст на дневната температура, која, од четврток до недела, во најголем дел од земјава ќе надминува 35 степени. бд/аа/

Фото: МИА

Остани поврзан