• понеделник, 23 декември 2024

Доживотен затвор за медицинската сестра од Англија која уби седум бебиња

Доживотен затвор за медицинската сестра од Англија која уби седум бебиња

Лондон, 21 август 2023 (МИА) - Поранешната неонатална медицинска сестра Луси Летби (33), која уби седум бебиња и се обиде да убие уште шест во болница во северна Англија, денеска е осудена на доживотен затвор без можност за условно ослободување, што претставува најстрога можна казна во  британското законавство.

Таа одби на суд да се соочи со родителите на убиените бебиња кои зборуваа за нивната болка поради загубата на нивните деца.

Судијата Џејмс Гос кажа дека бројот на убиени деца, како и природата на убиствата извршени од медицинска сестра на која и е доверена грижата за бебињата, ги сочинуваат „исклучителни околности“ потребни за да се изрече „доживотна затворска казна без условна слобода“, што беше исклучително ретко во Велика Британија.

По 22 дена советување, поротата на судот во Манчестер ја осуди Луси Летби за убиство на бебињата во неонаталната единица во болница во северозападна Англија меѓу јуни 2015 и јуни 2016 година.

Адвокатот на одбраната Бен Мајерс остана на тврдењето за нејзината невиност.

Таа била на должност во сите смртни случаи на бебиња, а обвинителите ја опишаа како „постојано злонамерно присуство“ во неонаталното одделение кога бебињата колабираа или умираа. Утврдено е дека таа им наштетила на бебињата на начини на кои е тешко да се откријат, а по пат ги убедувала своите колеги дека сите овие смртни случаи се нормални.

Летби конечно беше отстранета од нејзината функција на крајот на јуни 2016 година, а уапсена во јули 2

Ќе се спроведе и независна истрага за тоа што се случувало во болницата и како персоналот и менаџментот реагирале на порастот на смртните случаи. сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан