• недела, 22 декември 2024

Додик најави донесување изборен закон на РС

Додик најави донесување изборен закон на РС

Бања Лука, 3 јануари 2024 (МИА) - Претседателот на Република Српска Милорад Додик денеска најави дека Република Српска ќе го донесе својот Изборен закон, кој, како што рече, ќе биде во согласност со Уставот на БиХ и на РС.

„РС ќе го усвои својот изборен закон, што предвидува уставно позиционирање на Српска и ќе предвиди изборната комисија на РС да спроведе општински и републички избори. Ќе ја вратиме власта што ни припаѓа“, рече Додик по средбата со претседателите на партиите од владејачката коалиција и шефовите на парламентарните клубови на тие партии во Народното собрание на Република Српска (НСРС).
 
Според него, изборниот закон на РС итно ќе биде испратен на усвојување..

„Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина (ЦИК) претходно презеде одредени овластувања за спроведување на изборите на целосно неуставен начин, кои припаѓаат на Република Српска. Сметаме дека прашањето за Изборниот закон е едно од најважните прашања и дека донесувањето на тој закон мора да биде резултат на договор на внатрешно политички фактори“, нагласи тој. зш/

Остани поврзан