• среда, 17 јули 2024

Доделување уверенија за завршен курс за стручно оспособување на офицери на Армијата

Доделување уверенија за завршен курс за стручно оспособување на офицери на Армијата
Скопје, 27 јуни 2022 (МИА) - Во Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ - касарна „Гоце Делчев“ во Скопје, денеска ќе се одржи свечено доделување на уверенија по повод завршување на шестмесечниот курс за стручно оспособување офицери за службите на Армијата и промоција во чин поручник. Како што информираат од Министерството за одбрана, на свеченоста која започнува од 12 часот ќе присуствува и ќе се обрати министерката за одбрана, Славјанка Петровска. Уверенијата, наведуваат, се резултат на конкурсот за запишување на кандидати со завршен прв циклус на студии по машинство, електротехника, компјутерска техника и информатика, архитектура, урбанизам и планирање, градежништво и водостопанство, медицински науки и здравство – општа медицина, технологија на прехранбени производи, текстилна технологија, сообраќај и транспорт, ветерина, психологија, економски науки или правни науки за стручно оспособување и усовршување за потребите на министерството и Армијата кој бил објавен минатата година. - Дваесет и девет кандидати кои ги поминаа сите потребни квалификации поминаа шестмесечна обука и се стекнуваат со чин поручник и ќе стапат во служба на Армијата на Република Северна Македонија, стои во соопштението од Министерството за одбрана. ар/сп/

Остани поврзан