• понеделник, 23 декември 2024

Доделување признанија на ученици за литературни и ликовни творби за Гоце Делчев

Доделување признанија на ученици за литературни и ликовни творби за Гоце Делчев
Скопје, 10 октомври 2022 (МИА) - Во дворот на црквата „Св. Спас“ во Скопје денеска напладне ќе бидат доделени дипломи и признанија на десет наградени трудови по конкурсите кои ги распиша Институтот за национална историја (ИНИ) за  ликовни и литературни творби на тема „150 години од раѓањето на Гоце Делчев“ за ученици од основното образование. Покрај реализираниот научен собир, конкурсите за творби од ученици се дел од активностите на ИНИ за  одбележување еден и пол век од раѓањето на Гоце Делчев. Одборот за одбележување на 150-годишнината од раѓањето на Делчев соопшти дека доделувањето на наградите е завршен настан и дека локацијата и датумот на неговото организирање соодветствуваат со денот кога се пренесени моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје.
На настанот ќе се обратат  проф. д-р Катерина Тодороска, претседателка на Одборот за одбележување на годишнината, и претседателките на комисиите што ги оценија трудовите - Ирена Ралева-Најдевска за литературните и Јана Маневска-Чупоска - за ликовните творби.
Претседателките на комисиите ќе ги доделат наградите на учениците и благодарници на нивните ментори заедно со проф. д-р Митко Панов, претседател на Здружението на историчари на Македонија. хс/лв/
           

Остани поврзан