• четврток, 19 декември 2024

Доделување на наградите „Ability awards 2024“ денеска во Скопје

Доделување на наградите „Ability awards 2024“  денеска во Скопје

Скопје, 3 декември 2024 (МИА) - По повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост, во хотелот „Хилтон“ во Скопје, денеска „Ability awards 2024“ ќе удостои 20 поединци и компании, коишто го поттикнуваат и унапредуваат квалитетот на животот на лицата со попреченост. Настанот, со црвен тепих, почнува од 18:30 часот. Целта е истакнување на достигнувањата и на инспиративните приказни на 10 лица и 10 компании коишто се вистински шампиони за еднаквост и инклузија, соопшти организаторскиот тим на свеченоста. 

Оваа година, преку отворен повик, за наградите „Ability awards 2024“ беа номинирани 40 инспиративни лица со попреченост, кои преку своите постигнувања ја претставуваат моќта на решителноста и креативноста. Тие се номинирани во 10 категории: 

01. Култура и уметност;

02. Спортски достигнувања;

03. Работник во бизнис-сектор;

04. Работник со ИТ-вештини;

05. Лидерство;

06. Работник во јавна институција;

07. Награда за исклучително влијание на општествената свест;

08. Бизнис-иноватор;

09. Борец за човекови права;

10. Инклузивен иноватор.

Компаниите, пак, ќе добијат одличја во следниве категории:

01. Најдобро инклузивно работно место

02. Иновации во пристапноста

03. Влијание на заедницата

04. Медиум без предрасуди

05. Лидерство за различности

06. Инклузивна маркетинг-кампања

07. Застапување и политика

08. Инклузивна и асистивна технологија

09. Претприемничка иницијатива

10. Корпоративна социјална одговорност

На гала-вечерта ќе присуствуваат највисоки претставници од политичкиот и корпоративниот свет. Меѓу гостите, се очекува да биде и претседателката на државата, г-ѓа Гордана Сиљановска-Давкова.

Медиумски покровители на настанот се МРТ и МИА.  си/са/

Фото: „Ability awards 2024“

Остани поврзан