• четврток, 19 декември 2024

Доделување на наградите „Ability awards 2024“ во Скопје

Доделување на наградите „Ability awards 2024“ во Скопје

Скопје, 2 декември 2024 (МИА) - По повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост утре во хотелот Хилтон во Скопје, „Ability awards 2024“ ќе им додели награда на 10 лица со попреченост кои ќе ги споделат своите инспиративни приказни за надминување на бариерите и достигнување на својот успех. Признание ќе добијат и 10 водечки компании, за своите иновативни и инклузивни практики што го менуваат начинот на којшто го гледаме светот.

Номинирани се вкупни 40 поединци во 10 категории: 

01. Култура и уметност;

02. Спортски достигнувања;

03. Работник во бизнис-сектор;

04. Работник со ИТ-вештини;

05. Лидерство;

06. Работник во јавна институција;

07. Награда за исклучително влијание на општествената свест;

08. Бизнис-иноватор;

09. Борец за човекови права;

10. Инклузивен иноватор.

Компаниите, пак, ќе добијат награди во следните категории:

01. Најдобро инклузивно работно место

02. Иновации во пристапноста

03. Влијание на заедницата

04. Медиум без предрасуди

05. Лидерство за различности

06. Инклузивна маркетинг кампања

07. Застапување и политика

08. Инклузивна и асистивна технологија

09. Претприемничка иницијатива

10. Корпоративна социјална одговорност

- Овој настан е повеќе од гала-вечер. Тоа е симбол на заедничка посветеност кон создавање на општество каде што секој има еднаква можност да сјае. Не пропуштајте шанса да бидете дел од вечер што инспирира, мотивира и создава промени, се наведува во поканата на организаторот.

Гала-вечерта ќе биде збогатена со присуство на највисоки претставници од политичкиот и корпоративниот свет. Дел од оваа вечер ќе бидат министри, амбасадори и влијателни луѓе, меѓу кои и претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова.  си/бак/

Фото: „Ability awards 2024“

Остани поврзан