Доделување на наградите за учениците учесници на работилницата по фотографија „Скопје, културна европска престолнина“
- Во ДСУЛУД „Лазар Личеноски“ денеска ќе бидат доделени наградите на учениците од средните училишта кои учествувале на работилницата по фотографија „Скопје, културна европска престолнина“.
Скопје, 1 декември 2023 (МИА) - Во ДСУЛУД „Лазар Личеноски“ денеска ќе бидат доделени наградите на учениците од средните училишта кои учествувале на работилницата по фотографија „Скопје, културна европска престолнина“.
Од Дирекцијата за култура и уметност на Скопје информираат дека доделувањето на наградите е дел од активностите во рамки на манифестацијата „Денови на европско Скопје 2023“.фф/вј/
Фото: Дирекција за култура и уметност на Скопје