Доделување на државната награда „22 Ноември“
- Одборот за доделување на државната награда „22 Ноември“, денеска во Кристалната сала на Собранието ќе им ја додели државната награда „22 Ноември“ за 2025 година на истражувачот, публицист и поет проф. д-р Севдаил Демири и на писателот Ресул Шабани.
Скопје, 22 ноември 2025 (МИА) - Одборот за доделување на државната награда „22 Ноември“, денеска во Кристалната сала на Собранието ќе им ја додели државната награда „22 Ноември“ за 2025 година на истражувачот, публицист и поет проф. д-р Севдаил Демири и на писателот Ресул Шабани.
Ова признание, како што се наведува во соопштението од собраниската прес-служба, се доделува на личности од политичкиот, културниот и општествениот живот, кои дале свој придонес во унапредување на меѓучовечкиот соживот и меѓусебното разбирање меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери во државава. дма/аа/
Фото: МИА архива