Доделување на државната награда „Гоце Делчев“
- Во Собранието денеска напладне ќе биде доделена наградата „Гоце Делчев“ за 2023 година за особено значајни остварувања од интерес за Република Северна Македонија во областа на науката.
Скопје, 4мај 2023 (МИА) - Во Собранието денеска напладне ќе биде доделена наградата „Гоце Делчев“ за 2023 година за особено значајни остварувања од интерес за Република Северна Македонија во областа на науката.
Според Одборот за доделување на државната награда „Гоце Делчев“, годинашни добитници на престижната државна награда се проф. д-р Нано Ружин за делото „Балкански иконографии“, проф. д-р Трифче Сандев и д-р Александар Иомин за делото „Специјални функции на фракционо сметање: Апликации на дифузија и случајно пребарување“ и д-р Александар Василевски за делото „Поствизантиски претстави на Страшниот суд од Република Северна Македонија - идејна основа, ликовни извори и иконографска анализа“. вг/са/