• понеделник, 23 декември 2024

Доделени 14 грантови во рамки на проектот „СМАРТ Балкан – Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан“

Доделени 14 грантови во рамки на проектот „СМАРТ Балкан – Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан“

Скопје, 28 април 2023 (МИА) – Во рамки на проектот „СМАРТ Балкан – Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан“ денеска во Скопје беа доделени 14 грантови за граѓански организации за локални иницијативи, медиуми и креативни кутии за земјите од Западен Балкан.

Марија Ристеска, извршна директорка на ЦИКП истакна дека она што е добро е дека проектот е фокусиран на повеќе подрачја, односно вклучени се локалните заедници.

-Станува збор за проект кој е финансиран од Министерството за надворешни рбаоти на Кралството Норвешка и е во износ од 17 ипол милиони евра од кои над 14 ипол милиони евра одат во граѓанските организаци, медиумите од Западен Балкан се спроведуваод страна на локален конзорциум од три организации предводени од Босна Херцеговина, Македонија и Албанија. Преку овој процес одбравме организации кои не се само концентрирани со своите активности во Скопје имаме и така и кои ќе придонесат и кон националните поплитики и процеси, но и оние кои работат со локалните заедници кои ќе можат да го трансформираат начинот на кој што живеат граѓаните во дури и мали рурални средини, изјави Ристеска.

Посочи дека целта на проектот е придонес кон поквалитетно живеење и унапредување на регионот на патот кон евроатлантските интеграции.

-Целта на проектот е да го зајакне граѓанското општество, да ги мобилизира граѓаните, да учествуваат во демократските процеси и евроатлантските интеграции на сите земји од нашиот регион, и на тој начин да помогнат и придонесат кон еден инклузивен стабилен и безбеден западен балкан, појасни таа.

Додаде дека грантови се доделени во повеќе градови низ државава од кои Теарце, Боговиње, село Кривогаштани, Свети Николе, Делчево, Радовиш, Струмица, Битола и други.

Информира дека досега се реализирани два повика и дека истите биле успешни.

На доделувањето на грантовите присуствуваше и Нела Јовиќ, виша советничка за проекти при Амбасадата на - Кралството Норвешка во Северна Македонија, со седиште во Белград.

-Норвешка сакаше да помогне на целиот регионот на Западен Балкан и граѓанското оипштество да стане порелевантно, поодржливо и посигурно во своето функционирање. Основна цел на Норвешка е да помогне во стабилноста и сигурноста на Западен Балкан, а основен начин да се постигне, тоа е кроз евроатлантски интеграции, изјави Јовиќ.

Проектот „СМАРТ Балкан – Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан“ е четиригодишен проект што предвидува доделување вкупно 450 грантови за Западен Балкан, од кои 60 се предвидени за нашата држава. свс/нд/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан