Доделени сертификати и компјутери на штитениците на детскиот дом „11 Октомври“
- СООПШТЕНИЕ - Во просториите на детскиот дом 11 Октомври се одржа свечена церемонија на која беа доделени сертификати за завршена обука и компјутери на првата генерација учесници - децата без родители.
16 декември 2024
Во просториите на детскиот дом 11 Октомври се одржа свечена церемонија на која беа доделени сертификати за завршена обука и компјутери на првата генерација учесници - децата без родители.
Обуката под наслов „Користење компјутери за безбедно учење на далечина“ ја посетуваа 27 штитеници на детскиот дом. Овие млади луѓе, покрај стекнатите знаења и вештини за безбедно користење компјутери за учење на далечина, добија и по еден компјутер или лаптоп коиво иднина ќе им служат за натамошно учење и подготовка за самостоен живот.
По завршување на обуката, учесниците ќе продолжат со едногодишно изучување на англискиот јазик, кое ќе се одвива на далечина под водство на искусни наставници. Овој проект се реализира со поддршка на Sparkasse и амбасадорите на фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ.
Компјутерите и лаптоповите кои ги добија децата се обезбедени како донација од неколку компании и физички лица за што изразуваме голема благодарност.
„Пресреќни сме што постојат луѓе како Александар кои искрено се грижат за децата без родители и го прават на дело она што зборуваат. Денес нашите штитенци добија многу повеќе од компјутери– тие добија одлична шанса за подобра иднина!“ – изјави по завршување на настанот Розетка Влаховиќ, в.д. директор на детскиот дом „11 Октомври“.
„Денешниот настан е доказ дека меѓу нас постојат голем број хумани луѓе и организации кои помогнаа една идеја да претвориме во реалност. Со нивна помош ја започнуваме трансформацијата на Македонија во пристојно место за живеење, почнувајќи од децата без родители на кои ќе им обезбедуваме компјутери, обуки и ментори“, изјави Александар Марјановиќ, извршен директор на Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ.
Фондација Ѓорѓи Марјановиќ
_____________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.