• петок, 22 ноември 2024

Доделени пакети за социјално ранливи категории во Охрид и Дебрца

Доделени пакети за социјално ранливи категории во Охрид и Дебрца
Охрид, 1 ноември 2022 (МИА) - Околу 250 семејства од социјално ранливи категории во Охрид и Дебрца ќе добијат пакети со прехрамбени производи и средства за хигиена обезбедени од Лајонс клубот „Десарети“ во соработка со Црвен крст - Охрид во рамките на одбележување на Неделата на борба против гладта. Лајонс клубот „Десарети“, како што истакна денеска на доделувањето на пакетите претседателката Устијана Речкоска - Шикоска, традиционално 15-та година се вклучува во акцијата за обезбедување помош за оние на кои им е навистина потребна. - Има многу социјално ранливи категории и навистина треба да даруваме, голем е оној што дава. Мислам дека ќе ги насмееме лицата на некои дечиња, а и на повозрасни луѓе кои ќе ги искористат нашите донации, рече Речкоска - Шикоска. Акцијата, како што истакна претседателот на охридксиот Црвен крст Сашо Точков, била насочена кон младите. - Беа вклучени сите училишта колку што можат родителите, односно децата да дадат придонес во оваа кампања. Се собраа голем број прехрамбени производи, дел веќе се поделија на социјално загрозените семејства кај што има повеќе деца, а дел ќе бидат поделени во текот на овој месец, изјави Точков. Забележа дека се повеќе се чуствува притисокот од кризата, посебно од семејствата со оцијално-економски проблеми. - Од септември притисокот е многу зголемен од страна на луѓето кои имаат навистина социјално-економски проблеми. Се обраќаат до нас за најразлична помош од лекување до купување на лекарства и секако потреби за храна, средства за хигиена и најразлични видови на потреби за опстанок. Очекуваме дека притосокот и ќе се зголемува. Особено е голема потребата за огревни дрва, голем број социјални случаи бараат од нас, а можностите наши се ограничени. Гледаме начин преку општетсвото одговорни фирми, компании, лица да обезбедиме тоа што е можно за да излеземе во пресрет, вели Точков. сс/цр

Остани поврзан