• недела, 07 јули 2024

Доделени наградите за редовните плаќачи на комунални услуги во Македонска Каменица

Доделени наградите за редовните плаќачи на комунални услуги во Македонска Каменица
Македонска Каменица, 16 февруари 2022 (МИА) - Во Македонска Каменица доделени наградите од наградната игра наменета за редовните плаќачи на комунални услуги. Целта како што соопштија од ЈП ,,Камена Река" е мотивација за корисниците на услугите редовно да ги плаќаат сметките. -Годинава беа наградени најсреќните редовни плаќачи на комунална такса за кои обезбедивме прва, втора и трета награда. Конкретно беа доделени телевизор, микробранова печка и тримесечна претплата. Во наградната игра извекувани беа талоните со шифри од домаќинствата кои ги имаат платено сите сметки заклучно со месец декември 2021 година, истакнаа од ЈП ,,Камена Река", додавајќи дека имињата на наградените се објавени на нивната официјалната страница. Искуството од претходните години како што додадоа покажува дека со воведувањето на наградната игра наплатата постојано се зголемува. Заради поефикасна работа на претпријатието упатија јавен повик до граѓаните на општина Македонска Каменица и сите корисници редовно да ги подмируваат своите сметки за комунални услуги.вс/свс/

Остани поврзан