Добри вести за Арсенал: РБ Лајпциг ја намали цената на Шешко
- Германскиот клуб РБ Лајпциг ја намали цената на Бенџамин Шешко, кој е главна трансфер цел на Арсенал за ова лето. Досега се тврдеше дека раководството на „Црвените бикови“ сакало помеѓу 80 и 100 милиони евра за Словенецот. Оваа цена не била прифатлива за „топџиите“. Според „Билд“, клубот од Бундеслигата сега е подготвен да се раздели со напаѓачот за 70 милиони евра.
Лајпциг, 28 јуни 2025 (МИА) - Германскиот клуб РБ Лајпциг ја намали цената на Бенџамин Шешко, кој е главна трансфер цел на Арсенал за ова лето. Досега се тврдеше дека раководството на „Црвените бикови“ сакало помеѓу 80 и 100 милиони евра за Словенецот. Оваа цена не била прифатлива за „топџиите“. Според „Билд“, клубот од Бундеслигата сега е подготвен да се раздели со напаѓачот за 70 милиони евра.
„Топџиите“ се поврзуваат со Шешко и Виктор Ѓекереш од почетокот на преодниот рок. Цената на двајцата е приближно иста, но Словенецот е пет години помлад и поради ова е претпочитан од англискиот клуб. ,
Покрај тоа, од „Емирати“ веруваат дека Бундеслигата е многу поконкурентно првенство во споредба со португалското првенство, па Шешко е подобро подготвен за предизвиците на Премиер лигата.
Шешко, кој има договор со својот сегашен клуб до јуни 2029 година, минатата сезона постигна 21 гол на 45 натпревари за РБ Лајпциг во сите натпреварувања. дс
Фото: Архива