• понеделник, 23 декември 2024

Доајенот на македонското глумиште Петар Мирчевски добитник на наградата на Општина Битола за животно дело

Доајенот на македонското глумиште Петар Мирчевски добитник на наградата на Општина Битола за животно дело
Битола, 25 октомври 2021 (МИА)Доајенот на македонското глумиште, актерот Петар Мирчевски-Пепи е  годинашен добитник на највиското признание на Општина Битола, наградата за животно дело „4 Ноември“. Одлуката ја донесе Управниот одбор за доделување награди и признанија при Советот на Општина Битола, а ќе биде врачена на свечена академија која традиционално се организира по повод празникот на градот. Петар Мирчевски-Пепи, актер во НУ Народен театар-Битола одиграл бројни претстави на сцената на матичниот театар, но и на театарски сцени во Европа и светот. Настапувал во домашни и странски филмови, а за публиката незаборавни се неговите улоги на Сирано, Полниј, Пејо, Ангеле, Крсте....и настапите во филмовите „Пред дождот“, „Прашина“, „Сенки“, „Превртено“, а минатата година настапи и во долгометражниот игран филм „Мими“. Во својата кариера и за успешните настапи на филмското платно и во театарот, актерот Петар Мирчевски-Пепи е наградуван на фестивалот „Војдан Чернодрински“, ја добил наградата Златна маска на фестивалот „Охридско лето“, а во 2019 година ја доби и државната награда „11 Октомври“. мт/мд/

Остани поврзан