• недела, 22 декември 2024

Дневниот извоз на нафта од Иран надминува 1,4 милиони барели

Дневниот извоз на нафта од Иран надминува 1,4 милиони барели

Техеран, 14 август 2023 (МИА) - Директорот на иранската буџетска програма Давут Мензур изјави дека дневниот извоз на иранска нафта надминува 1,4 милиони барели.

Според иранската студентска новинска агенција (ИСНА), Мензур ги објави најновите информации за извозот на нафта на состанокот за регулација на буџетот во иранскиот парламент.

- Според буџетскиот план за 2023 година, дневната цел на Владата за извоз на нафта беше 1,4 милиони барели. Оваа бројка е веќе надмината, рече Мензур.

Иранскиот функционер побара од парламентот на земјата одобрение за дополнителен извоз на нафта.

По повлекувањето на тогашниот американски претседател Доналд Трамп од нуклеарниот договор во 2018 година, САД ги зголемија економските санкции кон Иран и ја ограничија продажбата на иранска нафта.

Техеран, кој произведуваше 3,8 милиони барели сурова нафта и кондензат дневно во април 2018 година пред САД да го напуштат нуклеарниот договор, извезувал 2,8 милиони барели, според иранското Министерство за нафта. ссм/

Остани поврзан