• петок, 22 ноември 2024

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот
Скопје, 5 октомври 2020 (МИА) – Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени 35.520.361 лица. Од последици од Ковид-19 починале 1.043.417 пациенти, а оздравеле 26.718.867 луѓе. Софија - Во Бугарија, во последните 24 часа се потврдени нови 69 случаи на вирус Ковид-19, додека три лица починале, соопшти националниот портал за информации за коронавирусот. Во моментов има 5.729 активни случаи, а хоспитализирани се 917 пациенти, од кои 56 се на одделот за интензивна нега. Од почетокот на пандемијата во Бугарија, 21.587 лица заболеле од Ковид-19, додека 844 лица починале. Приштина - Последните 24 часа во Косово починаа двајца заболени од Ковид-19, со што бројката на жртви на епидемијата сега изнесува 632. Новозаболени се 41 лице, а вкупно досега како заразени од коронавирусот се водат 15.855 случаи. Болеста ја совладале 13.929 лица, од кои 73 минатото деноноќие. Активни носители на вирусот моментно се 1.294 пациенти. Вчера беа извршени 654, а од почетокот на пандемијата 70.873 тестирања. Тирана - Во последното деноноќие во Албанија, од тестираните 912 лица, Ковид-19 е дијагностициран кај 144, оздравени се 150, додека починале четворица пациенти. Од почетокот на пандемијата направени се 93.021 тестови, позитивен резултат е добиен кај 14.410, оздравеле 8.825, починале 400, додека активни на болеста се 5.185 лица.

Атина - Националната организација за јавно здравје на Грција соопшти 303 нови случаи на Ковид-19 и уште осум починати лица. Вкупниот број заболени лица во земјата се зголеми на 20.142, а починаа 417 лица.

Никозија - Во изминатите 24 часа на Кипар се регистрирани 23 нови случаи на Ковид-19 од 2.736 направени тестови. Од почетокот на епидемијата заразени се вкупно 1.847 лица.

Загреб - Во последните 24 часа, во Хрватска се регистрирани 138 нови случаи на инфекција со коронавирус и двајца починати пациенти. Бројот на активни случаи во Хрватска денеска е вкупно 1.466. Меѓу нив, 326 пациенти се наоѓаат во болница, од кои 24 се на респиратори. Од 25 февруари, во Хрватска се евидентирани вкупно 17.797 лица заразени со новиот вирус, од кој 300 починале, а вкупно 16.031 се излекувале, од кои 182 во последните 24 часа. Љубљана - Во последните 24 часа, потврдени се 75 нови случаи на коронавирус во Словенија, додека едно лице почина. Во истиот период биле тестирани 1.034 лица, пренесува СТА. Бројот на хоспитализирани лица се зголеми од 101 на 107, како и бројот на лица на интензивна нега - 21. Од почетокот на пандемијата во Словенија, 6.573 лица се разболеле од Ковид-19, а вкупно 156 починале. Будимпешта - Во последните 24 часа во Унгарија починаа уште 11 лица од Ковид-19, а бројот на новозаболени лица се зголеми за 905, на вкупно 31.480. Според податоците на официјалната веб-страница на унгарската Влада, досега починале вкупно 833 пациенти со коронавирус, пренесе агенцијата МТИ. Унгарските власти ги предупредија граѓаните да се придржуваат до мерките за физичко растојание и да ги спроведуваат пропишаните хигиенски обврски, додека целосната забрана за влез во Унгарија останува во сила до натамошно известување. Виена - Во Австрија, во последните 24 часа повторно е регистриран голем број новозаразени со коронавирус, достигнувајќи 750. Во споредба со понеделникот од пред една недела, кога имаше 556 новозаразени, тоа е зголемување за цели 35 проценти. Уште пет лица починаа во изминатите 24 часа, со што бројот на починати достигна 818 лица. Од почетокот на епидемијата во Австрија, на крајот на февруари, 48.911 лица биле тестирани позитивно на коронавирусот, а 38.629 се излекувани. Во моментов во Австрија има 8.704 активни пациенти. Берлин - Во Германија се потврдени 1.382 нови случаи на коронавирус во Германија, објави денеска Институтот за инфективни болести „Роберт Кох“. Уште пет лица починаа во истиот период. Од почетокот на пандемијата, 300.619 лица се заразени, а 9.534 починале. Париз - Во Франција потврдени се 12.565 нови случаи на коронавирус во претходните 24 часа, околу 4.000 помалку од рекордот поставен во саботата. Вкупниот број на заразени во Франција се зголеми на 619.190, додека 32.230 лица починаа како резултат на Ковид-19, 32 повеќе отколку во саботата. Варшава - Додека епидемиолошката состојба во Полска се влошува, новиот министер за образование на Полска, Пжемислав Чарнек (43) денеска објави дека е позитивен на коронавирусот. „Не ги потценувајте симптомите на болеста“, порача новиот полски министер откако најави дека нема да присуствува на договорениот состанок со полскиот претседател Анджеј Дуда. За време на викендот, регистриран е рекорден дневен број на нови случаи во Полска, со потврдени вкупно 102.080 случаи на Ковид-19 и 2.659 смртни случаи. Братислава - Во Словачка, бројот на лица заразени со коронавирус се зголеми за 353, додека не се евидентирани смртни случаи, соопшти денеска Центарот за здравство. Во последните 24 часа биле тестирани 3.382 лица, додека 37 лица се излекувале, пренесува Таср. Хоспитализирани се 238 пациенти, од кои 13 биле на одделот за интензивна нега, а 24 пациенти биле на респиратори. Од почетокот на пандемијата во Словачка, 13.492 лица биле заразени со вирусот, додека 55 пациенти починале. Киев - Надлежните здравствени служби во Украина соопштија дека во изминатите 24 часа се регистрирани 3.744 нови случаи на Ковид-19, што е за девет проценти помалку од претходниот ден кога беа регистрирани 4.140 нови инфекции. Во последните 24 часа починале уште 33 лица, а се излекувале 1.145 пациенти, објави ТАСС. До денес, во Украина се потврдени вкупно 230.236 случаи на Ковид-19, 4.430 смртни случаи и 101.252 пациенти се излекувани. Москва - Во последните 24 часа 10.888 лица се заразени со коронавирус во Русија, што е најголем број на заболени за еден ден од 12 мај, соопшти денеска рускиот центар за борба против коронавирусот. Во истиот период, починале 117 лица, со што вкупниот број жртви на вирусот Ковид-19 во таа земја достигна 21.475, додека стапката на смртност беше 1,75 проценти, пренесува TАСС. Од почетокот на пандемијата во Русија, регистрирани се еден милион и 225.889 случаи на коронавирус, а во моментов се хоспитализирани 222.090 пациенти. Отава - Во Канада расте бројот на новоинфицирани со коронавирус. Во последните 24 часа, бројот на новозаразени е зголемен за 1.685 и сега изнесува вкупно 166.156, соопшти канадското Министерство за здравство. Во Канада досега починале 9.481 лице како резултат на Ковид-19, а Министерството претходно соопшти дека 90 проценти од починатите припаѓаат на возрасната група од 60 години и постари. Значително зголемување на бројот на нови инфекции во Канада е регистрирано во Алберта, Британска Колумбија, Квебек и Онтарио. Сао Паоло - Во Бразил, во неделата се регистрирани 8.456 нови случаи на коронавирус, а починале 365 лица. Од почетокот на епидемијата, заразени се 4.915.289 лица, а починале 146.352. Пекинг - Во Кина се регистрирани 20 нови случаи на коронавирус и 27 асимптоматски случаи, соопшти денеска Кинеската национална комисија. Како што е наведено, сите нови случаи се увезени од странство. Досега во Кина се заразени 85.470 лица, а 4.634 луѓе починале. паг/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан