• вторник, 26 ноември 2024

ДКСК разгледа повеќе предмети за недоставување на анкетен лист од функционери

ДКСК разгледа повеќе предмети за недоставување на анкетен лист од функционери
Скопје, 14 октомври 2022 (МИА) – Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) на денешната 57. седница заклучи да се запрат и да се затвораат повеќе предмети против неколку актуелни и поранешни функционери кои по стапување на функции не доставиле навреме анкетен лист, за што им биле изречени прекршочни налози кои ги платиле. Меѓу функционерите кои не поднеле анкетен лист се министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, претседателката на Судскиот Совет Павлина Црвенковска, в.д. директор на Албанскиот Театар – Скопје, Адем Карага и други функционери. Членовите на Комисијата, исто така, одлучија и да се запре постапката по предметот поднесен против градоначалникот на Општина Богданци за извршена злоупотреба на својата службена положба и овластување, дека наводно ја искористил положбата за да прибави корист во свое име и во однос на друго име, возач на моторно возило во Општина Богданци. Градоначалникот користел службено возило на општината за приватни потреби без реверс за негово користење. Постапката по овој предмет да се запира. Исто така, членовите заклучија дека не може да се докаже материјална корист во ниту еден случај и ја отфрлија пријавата против работењето на поранешниот заменик министер за култура Владимир Лазовски во врска со злоупотреба на службената должност и стекнување со материјална корист изнудувајќи пари од директорите на установите од културата кои тој за време на неговата функција ги поставил во повластување користејќи го отсуството на министерот кој во тоа време користел денови од годишниот одмор.фф/аа/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан