• понеделник, 23 декември 2024

Ди-џејката Сода наводно морала да ги соблече „навредливите“ панталони на јавно место

Ди-џејката Сода наводно морала да ги соблече „навредливите“ панталони на јавно место
Лос Анџелес, 28 април 2022 (МИА) - Познатата јужнокорејска ди-џејка Сода тврди дека била отстранета од лет на „Американ ерлајнс“, а потоа и тормозена, поточно принудена да ги соблече спортските панталони на јавно место затоа што биле оценети како „несоодветни“ и „навредливи“. Музичарката со вистинско име е Хванг Со-хи, на Инстаграм и на Твитер подробно објасни како била „малтретирана и понижувана“ во понеделникот откако се качила во авион од Њујорк за Лос Анџелес. - Бев принудена да излезам од авионот и ме малтретираа за да ги соблечам панталоните пред екипажот на летот на влезот, напиша Хванг додавајќи потоа дека „никогаш претходно немала проблем“ со носењето на панталоните на нејзината постојна северноамериканска музичка турнеја. На црните спортски панталони биле испечатени зборовите „фак“, „фак ју“ и „факин“, а парчето облека е спонзорирано од брендот „Рипндип“, како што нагласи Хванг.  си/ми/ https://twitter.com/i/status/1518850282490187776

Остани поврзан