Директорот на ЦУК со честитка до сите верници по повод Божик
- Директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али упати честитка по повод големиот христијански празник Божик.
Скопје, 7 јануари 2026 (МИА) - Директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али упати честитка по повод големиот христијански празник Божик.
-По повод големиот христијански празник Божик, упатувам искрени честитки до сите Вас кои го празнувате. Ви посакувам здравје, мир, семејна радост и благосостојба, вели тој во честитката.
Нека празничните денови, посочува Али во честитката, донесат меѓусебно почитување, солидарност и надеж за подобра иднина за сите. фф/ев/
Фото: МИА Архива