• понеделник, 23 декември 2024

Директорот на церемонијата на отворањето на Игрите во Токио отпуштен поради антисемитски шеги

Директорот на церемонијата на отворањето на Игрите во Токио отпуштен поради антисемитски шеги
Токио, 22 јули 2021 (МИА) - Директорот на церемонијата на отворање на Летните олимписки игри во Токио, 48-годишниот Кентаро Кобајаши, доби отказ поради зборови искажани во минатото. На Интернет се појави видео-снимка од неговиот говор во 1998 година, по што изби скандал. Во тоа време, Кобајаши настапи како дел од хумористично дуо. Во својот скеч, тој предложи „да се игра холокаустот“ и започна да расфрла исечени луѓе од хартија, кои претставуваат жртви на геноцид. Ова видео се прошири низ мрежата и предизвика широка дискусија и критика. -Како што многумина истакнаа, моите коментари беа навистина несоодветни. Жалам и упатувам длабоко извинување, изјави Кобајаши. Центарот „Симон Визентал“ (организација што го проучува холокаустот и борбата против антисемитизмот) го коментираше инцидентот: „Никој, без оглед на талентот, нема право да ги исмева жртвите на нацистичкиот геноцид“. зс/

Остани поврзан