• понеделник, 25 ноември 2024

Директорот на царина Богоев најавува активирање на Секторот за посебни истражни мерки

Директорот на царина Богоев најавува активирање на Секторот за посебни истражни мерки

Скопје, 30 септември 2023 (МИА) - Директорот на Царинската управа Стефан Богоев најавува дека во рамки на царината ќе почне да функционира Секторот за посебни истражни мерки кој согласно закон, како што посочува, ќе има надлежност за следење на комуникации и физичко следење ќе почне да функционира. Секторот, како што вели Богоев, се доекипира. 

-Царинската управа го има како законска надлежност, а имаме и опрема која не е ставена во функција. Криминалците ги користат сите технолошки средства за измами, што бара соодветен одговор, односно ставање во функција на сите технолошки капацитети и стручни кадри кои ќе дадат соодветен одговор во спречување на криминалните дејствија“, вели Богоев.

Покрај Секторот за посебни истражни мерки, Богоев вели дека интензивно се разговара со меѓународните институции за набавка на камери за тело за царинските службеници на граничните премини, како и ставање во функција на системите на паметни камери за што набавката е во завршна фаза преку Светска банка.  

Богоев за фронтлајн.мк вели дека со зголемување на капацитетите за борба со криминалот и сузбивање на корупцијата и истовремено зголемување на транспарентноста и информирањето на јавноста за последиците од вршење криминални дејствија, се очекува намалување на обидите за противзаконски дела и активности. ев/

ФОТО: Царинска управа 

Остани поврзан